Хијалуронската киселина е природна компонента на нашето тело и неопходна е за одржување на влажноста, цврстината и еластичноста на кожата. Третманот со хијалуронска киселина е нехируршки со веднаш видливи резултати. Хијалуронските филери кои ги користиме се производ на најсовремена технологија и представуваат иновација на 21 век.
Скоро секој може да користи хијалуронски филери, и истите да се користат на различни делови на лицето, со цел да се задоволат различните индивидуални потреби со што би се постигнал природен изглед:
По апликацијата е можна појава на привремена осетливост, црвенило, оток, модрици и осетливост на местото на апликацијата. Симптомите поминуваат за 7 дена, и се сврстуваат од благи до умерени. За да се смири кожата и спречи отокот може во краток период да се држи лед на третираното подрачје.
Резултатите од естетскиот третман со хијалуронски филер се доготрајни, но не трајни. Во зависност од производителот, подрачјето кое се третира, како и видот на кожата, резултатите можат да траат од неколку месеци до година дена.
Со цел избегнување од несакани ефекти една недела треба да се избегнуваат лекови како што се антиинфламатори затоа што можат да предизвикаат крварење. Псоле третманот 12 саати да не се става шминка, 7 дена да се избегнува изложување на сончеви зраци и висока температура.
Не се препорачуваат кај: