Ендодонција

Ендодонција

Ендодонција

Ендодонција е гранка во стоматологијата која се занимава со лекување на нервот и ткивата околу коренот на забот. Самата процедура вклучува во себе дијагноза и лекување на внатрешноста од забот. Третманот има за цел да го спаси забот оштетен од кариес, траума или инфекција, да го реставрира истиот и да ја превенира потребата од импланти или мост.
Кога забот е многу оштетен, празнината во центарот на забот или коренскиот канал може да се оштети или инфицира. Мекото ткиво во внатрешноста на коренскиот канал ја претставува пулпата (нервот) и откако ќе се инфицира, може да се формира апсцес на коренот на забот. Ова освен што е болно, може да предизвика оток околу забот, кој понатаму може да се прошири на други делови од лицето и вратот.
Постапката за ендодонтско лекување ја врши стоматолог (ендодонт). За да се спаси инфицираниот заб, пулпата (нервот) се отстранува од забот и празната шуплина мора темелно да се исчисти, а потоа да се наполни.
Постапката се врши со употреба на дентален микроскоп со цел да се подигне степенот на квалитет на работата.
Која е процедурата за ендодонтско лекување?
Постапката за ендодонтско лекување обично бара две или три посети на стоматолог, во зависност од инфекцијата и дали е потребна порцеланска коронка за зајакнување на забот.
За време на првата посета:

  • Се прави рентген снимка, со цел да се утврди дали има некоја инфекција и да се добие слика за коренските канали.
  • Се аплицира локална анестезија за да се обезболи забот и се обезбедува суво работно поле во текот на постапката.
  • Се чисти кариозната лезија, се отстранува пулпата, бактериите и другите остатоци. Пулпната комора се чисти темелно и се аплицираат медикаменти во внатрешноста.
  • Забот се исполнува со привремено полнење.

За време на втората посета стоматологот ќе го замени привременото полнење со дефинитивно доколку нема знаци на инфекција.

We’re a friendly team of dentists working together to ensure that you receive the best treatment that you require.

About DentiCare
Our Awards
https://lukanoskipremium.mk/wp-content/uploads/2020/01/footer-awards.png
Social Networks

Visit DentiCare on these social links.

@Copyright 2022 by Lukanoski. All rights reserved.